One for Hundred, австриска компанија за производство на мебел, верува дека создавањето на мебел не мора да значи и уништување на шумите. Водејќи се од тој принцип, основачите Ана и Карл Филип Принцон засадуваат 100 дрвја за секое продадено парче мебел.
Целиот процес се одвива на шума во сопственост на компанијата, надвор од Виена, којашто повеќе 200 години се предава од колено на колено, пишува Inhabitat.
Нивната цел е да го искористат квалитетното дрво за создавање на квалитетен мебел и притоа да посадат нови дрвја со што би се зачувала шумата и за следните генерации. Работилницата е лоцирана близу шумата каде се одгледуваат дрвјата. Зимно време тие се сечат и се транспортираат до мајсторите кои ги сушат со месеци пред да ги “претворат“ во уникатни парчиња.
Секој парче мебел е прилагодено според потребите и желбите на клиентите, вклучувајќи ги големината, изборот на дрвото и бојата.
Фото: One for Hundred