ОНЕ го прослави 11-от роденден

24

Операторот ОНЕ со голема роденденска забава, во клубот Експо, одбележа 11 години од постоењето на компанијата и четири години од влезот на Телеком Словеније на македонскиот пазар.

На забавата присуствуваа вработените во компанијата, бројни гости од бизнисот и политиката, како и гости од естрадата, Каролина, Аделина и Слаткар, кои веќе неколку години стојат зад брендот на ОНЕ и Џабест.

Присутните гости ги поздрави Генералниот извршен директор на компанијата, Цирил Кафол.

“За 11 години, многу работи се изменија, првенствено на полето на самата индустрија. Но, ние секогаш настојувавме да бидеме први и во чекор со телекомуникациските трендови. Денес ОНЕ е препознатлив бренд и оператор кој нуди технолошки најнапредни решенија, а нашето семејство брои близу 700.000 задоволни корисници”, рече Кафол.

Тој накратко информираше и за идните планови на компанијата, најавувајќи ги наскоро новите Клауд решенија на пазарот.

Во име на Групацијата на присутните им се обрати и Претседателот на УО на Телеком Словеније, Рудолф Скобе кој го честита роденденот на компанијата и посака уште многу години успешна работа.