Оne и Советот за радиодифузија едуцираат за процесот на дигитализација

19

38412Операторот Оne во соработка со Советот за радиодифузија, а во рамките на проектот – едукација на населението за процесот на дигитализација, започна караван кој има за цел да ги посети поголемите македонски градови и да го информира и едуцира населението за претстојниот процес на дигитализација.

Директорот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски и Главниот извршен директор на Оne, Цирил Кафол вчера беа во Штип каде преку гостувања на локалните телевизии ги информираа граѓаните за процесот на дигитализација и начините на нејзино спроведување.

Исто така пред продажниот салон на Оne во Штип, се организираше и промоција на Mini BoomTV, производот кој Оne го лансираше неодамна, а кој има за цел да им овозможи на корисниците полесно да преминат на дигитален сигнал.

Беа доделени и три пакета Mini BoomTV на социјално загрозени семејства од Штип, кои беа избрани по случаен избор.

Конечното исклучување на аналогниот сигнал ќе се случи на 1 јуни 2013, а од тој датум во Македонија ќе се емитува дигитална телевизија. Оne беше избран на тендер за да спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал, која треба да придонесе за постојан квалитет на сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и мали можности за рефлексија при репродукција.