Оne ја преполови претплатата на резидентниот Boom TV сегмент

22

cc63483f-45a2-458a-a071-be6576b79cb0Телекомуникацискиот оператор Оne, ја намалува претплата во резидентниот Boom TV сегмент за цели 50% со цел да им помогне на граѓаните во процесот на дигитализација на телевизискиот сигнал во Р. Македонија.

Новите или постоечките корисници на Boom TV кои ќе потпишат нов договор ќе добијат можност да користат промоција од 50% попуст на месечната претплата за целото времетраење на договорот, односно 24 месеци.

Така, новите корисници на Mini Boom TV наместо регуларната претплата од 199 денари, ќе плаќаат 99,5 денари во наредните две години.

“Оne ја лансира оваа понуда во пресрет на претстојната дигитализација. Освен што сакаме на корисниците да им понудиме врвен квалитет на услугата и достапна цена, конкретно со оваа понуда, сакаме и да им помогнеме на граѓаните на Р. Македонија евтино и едноставно да го поминат процесот на дигитализација”, изјави генералниот извршен директор на Оne, Цирил Кафол.