Дали мобилниот оператор Оне ќе нуди услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија? Оваа компанија е единствена што се јавила на конкурсот на Агенцијата за електронски комуникации. Четврта генерација мобилни мрежи се засноваат на ЛТЕ-технологија и со нив протокот на податоците е со брзина од 100 мегабити во секунда, што е десетпати побрзо отколку најбрзата 3Г-мрежа. Оваа технологија обезбедува уникатно искуство на користење услуги што бараат голема брзина за безжичен пренос на податоци, како и побрз пристап до апликации и видеосодржини – Јутјуб, мобилната телевизија, облак-услуги и мрежни игри.
Идниот оператор, според условите од јавниот повик, ќе има обврска од 1 септември 2013 година да почне да работи и да обезбедува услуги до крајните корисници. Тој ќе мора да покрие 95% од територијата на земјава со овој вид мрежи во период од четири години.