ОНЕ комплетно подготвен за утрешната дигитализација

28

digital-television-remote-control-tv-2Сите национални и регионални телевизии во Македонија кои добиле лиценца од Советот за радиодифузија и кои потпишале договор со ОНЕ и навреме ја обезбедиле потребната техничка опрема, на 1 јуни 2013 година, ќе бидат емитувани дигитално преку платформата на ОНЕ, информираат од операторот.

Досега на дигиталната платформа на ОНЕ се поврзани сите национални телевизии и дел од регионалните телевизии. Останатите регионални телевизии ќе бидат приклучени на дигиталната платформа, ако ги исполнуваат техничките услови.

За секоја ново-додадена телевизија ОНЕ навремено ќе ги информира гледачите преку порака која ќе се појави на нивните ТВ екрани, доколку истите имаат дигитален приемник (set-top-box) од ОНЕ. Сите останати ќе бидат информирани преку инфо каналот, како и на веб страната на ОНЕ, во доменот дигитализација.

ОНЕ апелира до граѓаните кои досега ја следеле телевизиската програма аналогно со антена, доколку досега не набавиле дигитален приемник, истото да го сторат до 1 јуни за да можат да ги следат програмите дигитално.

Во соопштението се додава дека дигиталните ТВ приемници на ОНЕ (set-top-box) уреди можат да се набават во сите продажни салони на ОНЕ, во дистрибутивната мрежа на ОНЕ и поголемите синџири на продавници за техничка стока во Македонија (АМЦ, СЕТ Компјутери, НЕПТУН), односно во над 1000 продажни места низ земјата, стои во соопштението.