One подготвени да ја дигитализираат Македонија од први јуни

67

9261A6E6B6CADC47BE1F74D128BDA036На први јуни годинава Македонија ќе започне со дигитализацијата на телевизискиот сигнал. Тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за вршење радиофрекфенции за дигитална телевизија, го доби телекомуникацискиот оператор One.

Па така, во насока на подготовка на населението за дигитализацијата, телекомуникацискиот оператор Оne, денеска промовираше нов производ Мини Boom ТВ, кој ќе им помогне на граѓаните полесно да преминат кон новиот процес. Истиот е достапен со претплата од 199 денари, за основен пакет што содржи 16 канали, македонски и регионални.

“Оne беше избран на тендер за да ја спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал. На 1 јуни 2013 ќе бидеме подготвени. Ние изградивме платформа. Инвестицијата за нас е иста без разлика на бројот на ТВ станици што ќе се вклучат. Да почне процесот па ќе видиме”, истакна главниот извршен директор на Оne Цирил Кафол на денешната промоција во Битола.

Тој додаде дека цената што ја плаќаат во Словенија е за 30% повисока од оваа во Македонија.

Надоместот на националните телевизии кон Оne е 78.500 евра, а на регионалните 10.200 евра. Телевизиите нема да имаат веќе трошоци за рена на антенски столбови, годишни трошоци за фреквенции, одржување предавателна и линковска опрема, потрошена електрична енергија за предавателната и линковската опрема, како и за резервни делови за предавателна и линковската опрема.

“Телевизиите им плаќаат на Оne а ние ќе се погрижиме за се, како за одржување на опремата и се останато, а корисниците сето тоа ќе го добијат бесплатно само треба да поседуваат соодветна опрема односно да купат set up box, или да имаат нов телевизор кој има ваков вграден дигитален приемник. За ова е пожелно да имаат и надворешна антена“, вели Јасминка Ѓозинска, менаџер за пристап на мрежа на Оne.

Придобивката за граѓаните од овие промени е подобар квалитет на приемот, подобра програмска содржина, повеќе звучни канали, можност за превод на повеќе јазици, електронски програмски водич, беше посочено на промоцијата.