Оne повторнo воведува половина претплата

26

one-fullsizeМобилниот оператор Оne од вчера повторно промотивно воведе половина месечна претплата во мобилниот пост-пејд резидентен сегмент, цели 24 месеци. Како што изјавуваат од компанијата половичната претплата се должи на големиот интерес од страна на корисниците.

Во соопштението стои дека сите нови резидентни, но и постоечки пост-пејд корисници на мобилната телефонија на Оne кои во промотивниот период ќе направат обнова на својот договор, добиваат преполовена месечна претплата за целото времетраење на договорот.

Од Оne велат дека корисникот во наредните две години, наместо редовните 279 денари месечна претплата во TOTAL S ќе плаќа само 139,5 денари.

Исто така сите TOTAL Promo корисници ги задржуваат бесплатните минути во мрежата на Оne, бесплатните SMS и MMS пораки и интернетот исти како и во редовната понуда на TOTAL тарифните модели.

Покрај преполовувањето на претплатата, непроменета останува субвенцијата за набавка на мобилен телефон. Така, сите кои ќе го изберат Mobile TOTAL L Promo тарифниот модел го добиваат атрактивниот Samsung Galaxy Y за 0 денари, се вели во соопштението на Оne.