One со нова понуда за пензионерите

47

g_oneТелекомуникацискиот оператор Оne од денес воведува нова понуда за пензионери, телевизија и фиксна линија за само 348 денари месечно, односно 149 денари во првите три месеци од двегодишниот договор.

“Со фиксната линија на Оne пензионерите во Македонија добиваат можност да користат фиксна телефонија по најниска месечна претплата од само 149 денари, иста цена за локални и национални повици кон фиксни мрежи од 1,9 денари/ минута, бесплатен фиксен уред на користење, лесен за инсталација и без надоместок за приклучок”, соопштуваат од Оne.

Новиот Mini BoomTV, велат од Оne, е наједноставно решение за пензионерите да ги следат најгледаните ТВ канали со кристално јасна слика и звук. Сето тоа се нуди за само 199 денари претплата, која ќе почнат да ја плаќаат откако ќе искористат три месеци гратис.

“Шеснаесетте македонски и регионални телевизии: Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Наша ТВ, Сител 3, Алсат М, Канал 5+, МТВ 1, МТВ 2, МТВ 3, DM Sat, Jugoton, RTS, OBN и RTV 21, спакувани во новиот Mini BoomTV се брз и едноставен начин пензионерите да се подготват за претстојната дигитализација, бидејќи од 01.06.2013 домашните ТВ канали нема да можат да се следат со аналогна антена”, велат од Оne.

Пакетот фиксна линија и ТВ е достапен за сите пензионери со пензиски чек и документ за идентификација. Промоцијата, 3 месеци Mini BoomTV ГРАТИС важи и за оние пензионерите кои се постоечки корисници на некоја од услугите на Оne.