ОНЕ со нова промотивна летна понуда

42

shutterstock_70787161Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од  денес воведува промотивна понуда, најниска цена за роаминг повици од само 9,9 денари/минута кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и ЏаБест и само 5,9 денари/минута за SMS пораки кон која и да мрежа во Македонија и во странство.

Со оваа понуда патувањата во странство и отсуствата од дома не значат помалку комуникација со најблиските, ниту, пак, големи трошоци за повици кон дома.

Роаминг понудата можат да ја користат сите припејд и постпејд, резидентни и бизнис корисници на OНЕ и корисниците на ЏаБест кои имаат SIM картичка со логото на OНЕ преку апликацијата Roam Light Talk и Roam Light SMS во категоријата Planet во менито на мобилниот телефон.

Понудата важи и при користење роаминг повици со код ( *123*38975хххххх# ) и истата е достапна во мрежите на странските оператори кои поддржуваат USSD роаминг. Понудата е промотивна и важи до 30-ти септември годинава.