Оne со нова промотивна понуда – дигитален приемник за само 990 денари

41

A95DB90C259A8747B4ED2D6DBB898CE8Телекомуникацискиот оператор Оne, во пресрет на престојната дигитализација, започнува со продажба на дигитални приемници (set top box), за прием на дигитален телевизиски сигнал, кои ќе можат да се најдат во сите продажни салони на Оne низ земјата по цена од само 990 денари.

Преку уредот, корисниците ќе можат да ги следат сите домашни канали кои се емитуваат дигитално, односно:  МРТВ (МТВ1, МТВ2, МТВ3), домашните национални канали (во моментот, Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М), како и локалните канали кои во иднина ќе бидат емитувани.

Оние корисници  кои ќе набават дигитален приемник од Оne ќе имаат можност, промотивно, бесплатно да ги гледаат сите канали на Boom TV, вклучувајќи ги и Пакет плус каналите во период од 30 дена од вклучувањето на уредот.

Корисникот, по истекот на промотивниот период, во зависност од потребите, може да купи права за следење на некој од постоечките пакети на Boom TV за наредни 30 дена и тоа: Регионален, Family, Fun и Пакет плус, секој по цена од 199 денари.