оне.Вип: Зголемени инвестиции во инфраструктурни проекти во првите три месеци од годината

35

one-vip-logo2-580x294

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2016 година, вклучувајќи ги и резултатите од работењето во Македонија. Во Република Македонија, резултатите за првиот квартал од 2016 година, ги вклучуваат уделите на оне.Вип и Близу Македонија.

По спојувањето со поранешниот трет по големина мобилен оператор, оне.Вип заклучно со 31 март 2016 г. имаше мобилна корисничка база од 1.146.000 корисници и достигна пазарен удел од 53,3% во мобилната телефонија. Во делот на фиксни услуги, на крајот на првиот квартал 2016 г. сегментот Македонија брои повеќе од 143.000 корисници со 307.000 фиксни услуги (ТВ, широкопојасен интернет и говорни услуги на фиксна локација).

Како резултат на спојувањето на двата оператори во оне.Вип, завршено на први октомври 2015 година, приходите во Македонија изнесуваат над 29 милиони евра, додека заработката пред камати и даноци (ЕБИТ) бележи намалување во однос на истиот период минатата година и за првиот квартал 2016 година изнесува негативни 11,5 милиони евра. Капиталните трошоци беа водени од инвестиции во мобилната и фиксната мрежа и беа значително повисоки во првиот квартал од 2016 г. споредено со 2015 г. и изнесуваа над 6.400.000 евра.

Сегментот Македонија од Телеком Австрија Групацијата ги вклучува резултатите од работењето на оне.Вип ДОО Скопје – компанија основана со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ во октомври 2015 г. при што Телеком Австрија Групацијата има 55% удел и единствена контрола над ново формираниот ентитет оне.Вип, а Групацијата Телеком Словеније има удел од 45%. Аквизицијата на Близу Македонија што заврши на 30 јули 2014 г. претставува значаен чекор во реализација на стратегијата за конвергенција на Телеком АвстријаГрупацијата.

Во 2015 г. оне.Вип започна со инвестиции во нова мобилна мрежа и модернизација на инфраструктурата на фиксната мрежа, која продолжува и во 2016 г. и до крајот на 2016 г. ќе обезбеди најнапредна мобилна технологија низ цела Македонија.