Оние кои постојано се жалат живеат подолго

81

lice

Фото: Pixabay

Луѓето кои постојано се жалат за нешто и не ги чуваат во себе гневот и лутината, живеат подолго од другите, покажуваат истражувањата на група германски научници на универзитетот Јена во Германија.

Научниците кои со години вршеле испитување на повеќе од 6.000 пациенти, заклучиле дека оние личности кои имаат навика да го искажуваат своето лошо расположение помалку заболуваат од психички и физички болести.

Спротивно на нив, оние кои ги задржуваат негативните емоции во себе, се многу повеќе изложени на кардиоваскуларни заболувања, зголемен крвен притисок, бубрежни заболувања и канцер.

Иако научниците не даваат конкретна бројка за тоа колку подолго живеат оние кои слободно ги искажуваат негативните емоции, советуваат дека е корисно да не го чуваме бесот и лутината во себе.