Онлајн моден гигант купува британски бренд

13

Онлајн модниот гигант Shein е во преговори за купување на британскиот конкурентски бренд Missguided.

Сопственик на овој бренд е Fraser Group, која пред само една година го купи Missguided за 20 милиони фунти, пренесува Sky News.

Според Скај њуз, со договорот најверојатно Шеин ќе го купи брендот Missguided и друга интелектуална сопственост, додека Фрејзерс ќе го задржи седиштето на брендот.

Missguided од Манчестер беше основан од Нитин Паси во 2009 година и стана еден од најголемите онлајн модни играчи во Велика Британија.

Но, откако претрпе проблеми со синџирот на снабдување, зголемените транспортни трошоци и зголемената конкуренција од ривалите, менаџментот отиде во администрација за да го спаси од банкрот во мај 2022 година, пред да биде преземен од Frasers Group.