Онлајн шопингот создаде потреба за градење на нови магацини

56

Светската економија можеби е “заглавена“, но луѓето низ целата планета сè уште трошат, особено пред празниците. Оваа година процвета онлајн купувањето, бидејќи е побезбедно од физичкото купување, но отвори некои нови предизвици и потенцијални проблеми.

Има сè повеќе стоки што се враќаат, пред сè по нарачка преку Интернет и тоа влијае на создавање “депонии“ на неотпакувани, несоодветни стоки што продавачите ги фрлаат доколку не успеат да ги продадат. Се предвидува дека бројот на вратена стока особено ќе се зголеми за време на претстојните празници, но и во наредните години, пренесува CBRE, Американска компанија за недвижнини и инвестициона фирма. 

Според проценките, потрошувачите годинава на компаниите ќе им вратат набавки во вредност од дури 70,5 милијарди долари. Ова дополнително ќе создаде дополнителен проблем за синџирите за снабдување кои веќе работат дење и ноќе, со максимален капацитет, за да се исполнат наглиот пораст на дигиталните нарачки.

Од CBRE велат дека предвидениот скок од 73%, во споредба со просекот од пет години, главно се должи на купувањето преку Интернет. Продажбата на електронска трговија има многу поголема стапка на поврат на стоката, до 30%, отколку предметите купени во продавниците.

Луѓето честопати не знаат која големина на некое парче облека ќе им одговара, затоа нарачуваат две или три големини, а чуваат само една. Сепак, освен фактот дека согорувањето и фрлањето облека е фатално за планетата, тоа создава и потреба за изградба на нови магацини. Ова секако го оптовари и пазарот за комерцијални недвижнини. Во следните пет години, дури 140.000 метри квадратни дополнителен простор за складирање би можеле да бидат потребни само за обработка на вратена стока, според CBRE. И за тоа, предупредува оваа компанија, ќе биде потребна целосна изградба – од темел.

Фото: Pixabay