Онлајн трикови за заштита на лични податоци

36

computer-1591018_960_720

Фото: Pixabay

Неколку работи што треба да ги практикувате онлајн доколку сакате да ги заштитите вашите лични податоци.

Не го давајте вашиот поштенски број

До вашите податоци лесно ќе може да се пристапи ако го дадете поштенскиот број кога купувате онлајн. Компаниите со помош на името и бројот ќе можат да “ископаат“ повеќе информации од типот на адреса на живеење, телефонски број, имејл адреса и слично.

Тешка лозинка

Колку посложена лозинка толку подобра заштита. Секогаш користете комбинација на бројки, мали и големи букви. Експертите предлагаат тоа да биде нешто лично ваше што само вие го знаете, или пак извадок од книга, песна или реченица што некој близок ја кажал пред некое време.

Излажете на прашањата за безбедност

Името на вашата мајка, градот каде сте родени, името на наставничката во основно и на сличните прашања за безбедност, одговарајте со лага. Нема ништо тајно во тоа да ги кажете вистинските одговори. Ако не можете да ја запомните лагата, запишете ги одговорите на сигурно место. Некој кој сака да пристапи до вашите лични податоци онлајн лесно ќе го направи тоа ако сте понудиле искрени одговори.

Не давајте премногу информации на социјалните мрежи

Колку повеќе споделувате со јавноста, толку полесно ќе бидете откриени. Нема потреба да споделите сè на Facebook профилот. Пријателите веќе го имаат вашиот телефонски број, адреса и знаат каде работите. Доколку сакате да ја зачувате приватноста одбирајте што и со кого ќе споделите.

Приватно пребарување

Ако навистина се грижите за вашата приватност ќе пребарувате на интернет со скриена IP адреса. Според Techland Time, тоа може да го направите преку веб прокси, Virtual Private Network (VPN) или Tor,  отворена мрежа  што работи со пренасочување на вашите пребарувања преку серија сервери, управувани од волонтери низ светот, пред да се испратат до вашата дестинација.

Двојна идентификација

Можете да ги заштитите вашиот Facebook, Google, Dropbox или Twitter профил со двојна идентификација. Тоа значи дека кога ќе се логирате на страната, ќе треба да внесете и специјален код, што сајтот го испраќа на вашиот мобилен телефон. Иако можеби ќе ви одземе малку повеќе време, на овој начин, вашите лични податоци ќе бидат подобро заштитени.