ONYXX – безжичен полнач отпорен на вода и прашина

33

Фото: Kickstarter

Onyxx е безжичен полнач отпорен на прашина и вода. Уредот функционира преку апликација поддржана од телефоните од Apple, Samsung, LG, Google Nexus и Microsoft Lumia.

За разлика од останатите надворешни полначи, Onyxx е мал и лесен и овозможува брзо полнење на телефонот.

Производот е креиран за луѓе со активен начин на живот, поради неговата отпорност на прашина и вода, но исто така е погоден и за во канцеларија. На Onyxx може да се поврзат и полнат 2 уреди симултано, еден со кабел, а еден бежично.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Њујорк и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 10.757 долари од потребните 12.000 долари, а кампањата трае уште 4 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.