ОПЕК+ ги зголемува квотите од август: Глобалната понуда расте додека цените на нафтата паѓаат

Организацијата на производители на нафта ОПЕК+ се согласи дополнително да ги зголеми квотите за производство од август, објави  оваа група, како резултат на што глобалната понуда се зголемува во време кога цените на нафтата паѓаат поради постепеното отворање на Ормутскиот теснец.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници се согласија за време на онлајн состанокот да ги зголемат квотите за 188.000 барели дневно почнувајќи од август, покрај сличните зголемувања на производството за јуни и јули, објави  Ројтерс.

Седумте клучни членки на ОПЕК+, кои ги обединуваат ОПЕК и сојузничките производители, вклучувајќи ја и Русија, ги зголемија квотите за производство за речиси 800.000 барели дневно од април до јули.