ОПЕК го зголемува производството и покрај падот на цената на нафтата

29

Меѓународната групација ОПЕК останува на својата постоечка политика за зголемување на производството на нафта на месечно ниво, и покрај стравувањата дека ослободувањето на американските резерви на сурова нафта и новата варијанта на вирусот омикрон ќе доведат до нов пад на цената на нафтата.

Цената на референтната нафта брент падна за повеќе од еден долар по објавувањето на договорот, пред таа да закрепне на нивото од околу 70 долари за барел. Сега е значително под тригодишниот максимум од октомври (над границата од 86 долари), но неговата цена и понатаму е 30 отсто повисока од онаа од почетокот на 2021 година, потсетува Ројтерс.

Според OilPrice, цената за барел нафта од типот брент е 71 долар, а за северноморскиот WTI 67,88 долари.