
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја намали прогнозата за побарувачката на нафта за 2025 и 2026 година, откако оцени дека царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп имаат негативно влијание врз глобалниот економски раст.
Според тие проценки, побарувачката на нафта треба да расте за 1,3 милиони барели дневно оваа и следната година, што е за околу 150.000 барели дневно помалку од претходните прогнози, објави CNBC.
ОПЕК, исто така, ја намали својата прогноза за глобален економски раст на 3,0 отсто во 2025 година и 3,1 отсто во 2026 година, што е и за 0,1 отсто помалку од претходната прогноза.
Фото: Printscreen