ОПЕК ја намалува прогнозата за побарувачката на нафта

55

ОПЕК ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во својот најнов пазарен извештај, припишувајќи го падот првенствено на војната во Украина.

Организацијата на земјите извознички на нафта сега предвидува дневната побарувачка во текот на 2022 година да достигне 100,5 милиони барели, што е за 400.000 барели помалку во однос на претходната прогноза.

Други фактори кои го поттикнуваат падот го вклучуваат ширењето на варијантата на коронавирусот Омикрон во Кина и други земји, соопшти нафтениот картел.

Производството на сурова нафта во Русија се очекува да се намали за околу 500.000 барели дневно до дневен просек од 11,2 милиони барели, соопшти организацијата.

САД и ЕУ воведоа санкции за инвестиции и извоз на технологија во Русија како реакција на инвазијата на Кремљ на Украина.

Тринаесеттте земји-членки на ОПЕК тесно соработуваат со Русија, главен производител на нафта која не е дел од картелот, и со други извозници на нафта преку постигнување договори за количините на производство.