
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот месечен извештај објавен вчера ја задржа својата прогноза за раст на побарувачката на нафта во 2026 година на 1,38 милиони барели дневно, што би ја зголемило вкупната светска побарувачка на 106,52 милиони барели дневно.
Аналитичарите на нафтениот картел не ја променија својата прогноза од август минатата година, и покрај неизвесностите на енергетските пазари и забавувањето на економскиот раст во одредени развиени економии, пренесува Интерфакс.
Проекциите за побарувачката за 2027 година остануваат непроменети на 107,86 милиони барели дневно, што подразбира дополнителен раст од 1,34 милиони барели дневно во споредба со 2026 година.











