ОПЕК ќе ја разгледува кандидатурата за нов генерален секретар

72

Министрите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за кандидатурата за нов генерален секретар на Организацијата.

Хајтам ал Гаис од Кувајт е единствениот кандидат за оваа функција и ужива широка поддршка од земјите-членки на ОПЕК.

Актуелниот генерален секретар на ОПЕК, Нигериецот, Мохамед Беркиндо, се очекува да се повлече од функцијата кон крајот на јули, по неговиот втор тригодишен мандат.
Баркиндо помогна да се преговара за договор со производителите кои не се членки на ОПЕК, како што е Русија, за намалување на производството на нафта со цел да се балансира пазарот.

ОПЕК и неговите сојузници, попознати како ОПЕК плус на утрешниот состанок ќе разговараат за нивната нафтена политика.