ОПЕК ќе решава за натамошното производство на нафта

49

Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, треба денеска да одржат посебен состанок за да решат за политиката на производството на нафта. ОПЕК +, кој ги крати рекордните намалувања на производството направени минатата година, најверојатно ќе се придржува до постојната политика и ќе потврди зголемување на производството од 400.000 барели дневно во февруари.

Вчера Хаитам Ал Гаис од Кувајт беше назначен за генерален секретар на ОПЕК. Ал Гаис, кој има децениско искуство во овој сектор, ќе ја преземе функцијата во август со тригодишен мандат. Тој ќе го замени Нигериецот Мохамед Баркинд кој е на функцијата од 2016 година. Тој помогна да се постигне договор со производителите кои не се членки на ОПЕК, како Русија, за намалување на глобалното производство на нафта за да се балансира пазарот.

Генералниот секретар на ОПЕК нема извршна моќ, но е јавна личност на организацијата и понекогаш делува како дипломат за да ги олесни разговорите меѓу земјите со различни интереси, како Саудиска Арабија и Иран.