Министерот за одбрана на Саудиска Арабија изјави дека одлуката на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК+ за намалување на производството е донесена едногласно и само од економски причини, што го потврдија и генералниот секретар на организацијата и одделни земји членки.
Принцот Калид бин Салман рече дека е „вчудовиден“ од обвинувањата дека Саудиското кралство донело таква одлука затоа што „ја поддржува Русија во нејзината војна со Украина“.
„Ваквите лажни обвинувања не доаѓаат од украинската влада“, објави на Твитер помладиот син на саудискиот крал.
Генералниот секретар на ОПЕК Хајтам ал-Гаис на прес-конференција во Алжир во неделата рече дека одлуките на ОПЕК + се чисто „технички“.
Серија изјави од земјите извознички покажуваат дека ја поддржуваат одлуката од 5 октомври за намалување на производството за 2 милиони барели дневно, рече тој.











