ОПЕК плус го зголемува производството на нафта за само 100.000 барели дневно

19

Земјите-членки на Организацијата на земји извознички на нафта и сојузници (ОПЕК Плус) денеска одлучија да го зголемат производството во септември со многу побавно темпо отколку во претходните месеци, во време на високи цени на нафтата и нестабилно снабдување со енергија влошени од руската инвазија на Украина.

ОПЕК Плус соопшти дека следниот месец ќе го зголеми производството на 100.000 барели дневно, откако ќе го зголеми производството за 648.000 барели дневно во јули и август. Групата разгледа какви ефекти може да има инфлацијата и зголемениот број луѓе заразени со коронавирусот врз глобалната побарувачка за гориво наесен, додека цените на бензините на пумпите остануваат високи.ОПЕК, предводена од Саудиска Арабија и нејзините сојузници, предводени од Русија, го намалија производството до септември поради пандемијата, бидејќи цените на нафтата и побарувачката паднаа.

Коалицијата ОПЕК Плус постепено испорачуваше повеќе нафта и гас на пазарот со закрепнувањето на економиите.