
Земјите-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК плус најверојатно ќе го одржат сегашното ниво на производство на нафта за октомври на состанокот во недела, објави Ројтерс.
Информацијата ја дадоа извори запознаени со дискусиите на седумте клучни членки на групата – Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Алжир, Казахстан и Оман, чии претставници ќе се соберат за неколку дена.
Споменатите земји постепено го зголемија своето производство по претходното намалување на понудата.












