ОПЕК се согласи на умерено зголемување на производството на нафта по излегувањето на ОАЕ од организацијата

Главните земји од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и ОПЕК+ се согласија да ги зголемат квотите за производство за јуни, но како што објавува Блумберг, станува збор за скромно и симболично зголемување, со намера да се испрати порака за продолжување на вообичаеното работење по ненадејното излегување на Обединетите Арапски Емирати од организацијата.

Седум земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Русија, ќе го зголемат дневното производство за околу 188.000 барели почнувајќи од јуни, што беше договорено на видеоконференција на делегатите на земјите-членки, објави ОПЕК.

Организацијата ОПЕК+, чии членови се помали земји извознички и партнери на земјите од ОПЕК, ќе го продолжи процесот на враќање на производството, кој беше запрен неколку години пред почетокот на војната во Иран, се додава во соопштението.