ОПЕК+ воведува реална годишна проценка на капацитетот

Почнувајќи од следната година, ОПЕК+ ќе воведе годишна проценка на производствените капацитети на членовите, со цел да се утврдат пореални производствени квоти од 2027 година. На овој начин, земјите производители сакаат да ги решат повеќегодишните спорови и да ја зголемат довербата на инвеститорите.

Некои земји, како што се ОАЕ, имаат зголемен капацитет и бараат повисоки квоти, додека во други земји, особено во африканските, производството се намалува. Поради несогласувања околу квотите, Ангола го напушти ОПЕК во 2024 година, објавува Ројтерс.

Проценките започнуваат во 2026 година за квотите во 2027 година. Консултантската фирма „ДеГољер и МекНотон“ ќе биде ангажирана за 19 од 22-те членки, но нема да ги оценува квотите за Русија, Иран и Венецуела, бидејќи тие се под санкции на САД. Индиска фирма ќе ги прави проценките за нив, додека Иран сака да се мери според реалното производство.

Голем број членки веќе не ги достигнуваат своите целни нивоа на производство, па затоа постои растечки јаз помеѓу квотите и реалното производство. Поради годините слаби инвестиции, резервните капацитети се исто така намалени. Затоа ОПЕК+ сака објективни, надворешни проценки, така што квотите ќе бидат поусогласени со реалните можности на секоја земја.