Opel годинава го прекинува производството на Insignia

81

Opel ќе го прекине производството на својот водечки модел, Insignia, оваа година во главната фабрика во Риселхајм. Оваа информација за германските медиуми ја потврди портпаролот на матичната компанија.

Крајот на производството на Insignia доаѓа порано од првично планираното, бидејќи редовниот крај на производството се очекуваше во 2024 година.

По прекинот на производството на Insignia, фабриката во Риселсхајм целосно ќе се користи за производство на Opel Astra и нејзиниот сестрински модел, DS 4.

Производителот официјално објави: „Opel планира да се префрли на целосно електричен опсег до 2028 година и се подготвува да лансира неколку најсовремени електрични модели, вклучително и иден водечки автомобил“.

Актуелната Opel Insignia беше лансирана во 2017 година на платформа која не беше дизајнирана за електрификација. Како резултат на регулативите за CO2 и фокусот на зголемување на производството на три нови модели во Риселхајм – Opel Astra, Astra Sports Tourer и DS4 – производството на Insignia ќе заврши оваа година.

Како индиректна замена за Insignia, во форма на новиот водечки модел на марката, можеме да очекуваме електричен кросовер/SUV во сегментот D.