Opel Insignia и Opel Cascada ќе го освојуваат пазарот во Македонија

21

opel Олимпија Моторс синоќа во Музејот на македонската борба ги презентираше своите два најнови модели од марката Opel, Opel Insignia и Opel Cascada.
Возилата беа изложени на платото пред музејот, а идејата на организаторот беше да ги претстави во вистинско светло.
Покрај Insignia, која и е добро позната на македонската јавност, за прв пат во Македонија беше претставена и Opel Cascada, како еден поинтересен и уникатен модел.
Опел и овој пат ја докажа својата иновативност, со најновиот touch pad, Intellilink, нова палета на мотори и одлични перформанси.
„Оваа година Олимпија Моторс се потруди да направи една манифестација во вид на одбројување, почнувајќи од бројот 5. Сакавме да споделиме 5 искуства на клиенти кои поседуваат Опел возила, потоа 4 случки раскажани од вработените, тројката и припадна на 3-те плакети кои Олимпија Моторс ги додели на тројца клиенти, два за најновите Опел модели и бројот еден за манифестацијата која се заокружи со коктел за присутните”, изјави Светлана Пљакоска, управителката на Олимпија Моторс.
Пљакоска додаде дека се очекува новата Opel Insignia повторно да биде еден од најуспешните модели на македонскиот пазар, како со своите возни перформанси, така и поради добрата политика на General Motors.