Опел одбележа 150 години

12

Автопроизводителот Опел одбележува 150 години од основањето на фирмата, но во моментов компанијата има малку причини за славење зашто загубите во работењето се трупаат. Иако прославата помина во добро расположение, Опел се соочува со многу проблеми.

Кризата во Јужна Европа го турна автопроизводителот, кој и онака со години бележеше дефицити, по уште пострмна надолнина. Повторно има најави дека ќе се крати бројот на работни места, иако пред неполни две години беше затворена една фабрика и беа отпуштени 8.000 луѓе. Менаџерскиот тим на Опел одамна работи на планот за иднина „Драјв Опел 2022“, кој треба да поттикне пораст и да ги намали трошоците. Но, работите не се толку едноставни. За да бидат намалени персоналните трошоци, менаџерскиот тим треба да постигне согласност со моќниот синдикат и советот на работни луѓе, кои по секоја цена сакаат задржување на фабриката во Бохум. Треба да се скратат работни места и во администрацијата, но тоа нема да биде доволно, убедени се експертите.

Опел ќе мора да има сила да донесе неубави одлуки за да може да преживее, вели експертот Штефан Брацел. Тој оценува дека автопоризводителот ќе мора да затвори една, ако не и две свои фабрики, за да ги приспособи капацитетите на побарувачката. Дел од аналитичарите сметаат дека компанијата има голема шанса со малите автомобили. (Дојче веле)