Некои производители веќе одлучија да дадат ветувања дека ќе престанат да продаваат автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европа.
Сега им се придружи Opel, како компанија која веќе има 15 електрифицирани модели во понудата.
Оваа германска марка, дел од големиот концерн Stellantis, сака да продолжи по патот што го започнаа, па рекоа дека целта им е да продадат барем по еден електричен модел во секоја категорија веќе во 2024 година.
„Од 2028 година, ќе нудиме само електрични автомобили со батерии во Европа“, изјави шефот на Opel, Флоријан Хутл, за Bild.
Тој додаде дека почнувајќи од 2025 година, Opel ќе претставува само електрични возила.