
Американската компанија OpenAI е во преговори да собере 340 милијарди долари средства за нејзините проекти за развој на вештачка интелигенција, што е двојно повеќе од планираното во октомври, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на неименувани извори.
Производителот на ChatGPT, наводно, моментално е во преговори за собирање до 40 милијарди долари во оваа транша.
Претходно беше објавено дека Soft Bank Group размислува да инвестира помеѓу 15 и 25 милијарди долари во OpenAI.











