
Централната банка на Холандија (DNB) објави дека преместила злато во вредност од повеќе од 10 милијарди евра од магацини во САД и Канада во Лондон и Зајст, наведувајќи ја растечката геополитичка нестабилност и потребата од поголема ликвидност на резервите во случај на криза како главна причина.
Вкупно 86.000 килограми злато беа преместени или разменети со цел да се префрлат резервите во Банката на Англија во Лондон, чиј пазар се смета за најликвиден во светот, објавува NL Times.
Помеѓу март и август, повеќе од 27 тони злато беа физички префрлени од северноамериканските трезори во Кеш центарот на DNB во Зајст.











