
Ванеса Папас се повлекува од функцијата главен оперативен директор во TikTok, а ќе биде заменета од Адам Пресер, актуелен шеф на персонал, кој ќе биде унапреден во главен оперативен директор.
– Имајќи ги предвид сите успеси во компанијата, конечно чувствувам дека е вистинско време да продолжам понатаму и повторно да се фокусирам на моите претприемачки страсти – рече Папас во своето обраќање до вработените и додаде:
– Знам дека компанијата има многу светла и стабилна иднина под водство на Шоу Чу и нашиот извршен тим. Ќе бидам таму за да ги поддржам со преземање на советодавна улога за компанијата.
Уште една голема вест е доаѓањето на Зенија Муча, поранешната главна портпаролка на Дизни. По две децении во компанијата, таа сега ја презема позицијата главен директор за бренд и комуникации и ќе биде одговорна за глобалните стратегии за маркетинг и комуникации.
Фото: Facebook











