Оперативниот профит на Фолксваген лани падна за 15 отсто на 19,1 милијарди евра

Германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска објави дека неговиот оперативен профит во 2024 година паднал за 15 отсто на годишно ниво на 19,1 милијарди евра, бидејќи високите трошоци за реструктуирање значително влијаеле на вкупниот резултат.

Остриот пад на продажбата на Volkswagen на пазарите во Европа и Кина ја натера компанијата драстично да го намали производствениот капацитет, пишува Financial Times (FT).

Како што е соопштено, приходите на Фолксваген за минатата година изнесувале 324,7 милијарди евра, што е малку повисоко од 2023 година кога изнесувал 322,3 милијарди евра.