ОПМ го издаде својот прв е-Билтен: Потрошувачите и храната

20

lkОрганизацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава првиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.

Овој број ќе ги опфаќа следниве теми:

  • На што треба да внимаваат потрошувачите кога купуваат храна
  • Од каде доаѓа мојата храна
  • Нутритивен профил
  • Поврзаност на исхраната со јавното здравје и можности за интервенции
  • Хемиски опасности во храната и
  • МЛЕКО – производ кој не треба да го избегнувате!

Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.