Oppo R5 – најтенкиот паметен телефон на светот

29

oppo r5

Кинеските прозводители на мобилни телефони веќе долго време водат битка околу тоа кој ќе го произведе најтенкиот телефон. Победата ја однесе компанијата Oppo.

Таа компанија го претстави најтенкиот паметен телефон на светот, чија дебелина е само 4,85 милиметри. Моделот го носи името R5, а станува збор за прв уред од овој вид чија дебелина е под половина сантиметар.

Oppo-R5_88012_1

Но, постои забелешка на таа дебелина бидејќи камерата е надвор од ултра тенкото “тело“ на паметниот телефон. Најтенкиот телефон на светот нема приклучок за слушалки, а во него е вградена и помала батерија, пишува The verge.

Кога станува збор за софтверскиот дел, R5 располага со камера од 13 мегапиксели, Super Amoled екран од 5,2 инчи и процесор Snapdragon 615.

Неговата цена најверојатно ќе биде 499 долари, но точниот датум за почеток на продажбата се уште не е познат.