Опра Винфри и прехранбениот гигант Kraft Heinz ќе основаат заедничка компанија под назив Mealtime Stories што ќе произведува нова линија на готова замрзната храна, а 10% од профитот ќе бидат донирани во хуманитарни цели во борба против гладот, пишува Forbes.
Mealtime Stories ќе произведува нутритивни производи достапни за сите, а компанијата Kraft Heinz, позната по своите кечапи, ќе биде задолжена за развој, производство и продажба на тие производи.
Имотот на познатата водителка, продуцентка, актерка, филантроп, Forbes го процени на 2,9 милијарди долари, а ова не е нејзин прв претприемнички предизвик.
Пред две години Опра купи 10% од компанијата Weight Watchers што се занимава со програми за контрола на телесната тежина, а во 2014 година склучи соработка со Starbucks.