Опeрација во живо во КБ Аџибадем Систина

63

Клиничката болница Аџибадем Систина во соработка со компанијата Интраплант од Австрија, денеска ќе одржи стручен состанок на кој ќе бидат презентирани најновите достигнувања, како и најсовремените техники и методи од областа на ортопедијата и трауматологијата.

Покрај медицинскиот тим од Одделот за ортопедија и трауматологија, на стручниот состанок почесен гостин и предавач ќе биде проф д-р Улрих Дорн, еден од врвните ортопедски хирурзи на светско ниво.

Во рамките на стручниот состанок ќе биде изведена операција во живо за вградување на керамичка ендопротеза на колк со употреба на минимално-инвазивен пристап, која ќе биде изведена од страна на прим. д-р Драган Христов, шеф на Одделот за ортопедија и трауматологија во КБ Аџибадем Систина, во соработка со проф. д-р Улрих Дорн и неговиот тим. Кандидатите-учесници  на стручниот состанок се еминентни имиња од областа на трауматологија и ортопедија од Македонија и регионот.