Општина Гевгелија за 95% ги намали комуналиите за инвеститорите

61

Просторот крај автопатот кон Грција, на потегот од Гевгелија до граничниот премин Богородица станува уште поатрактивен за инвеститорите, откако општина Гевгелија ги намали за 95% давачките за комуналии.
“Покрај минималната цена за едно евро за метар квадратен за купување на државно градежно земјиште, инвеститорите отсега ќе плаќаат само 5% од вкупно пресметаниот надомест за комунално уредување на купената парцела. Можностите за инвестирање и користење на овие поволности се зголемуваат затоа што на овие простори е предвидена парцела од 16.244 метри квадратни за изградба на голем хотелски комплекс”, рече градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.
Покрај автопатот, покрај веќе продадените две парцели, на продажба ќе бидат понудени уште две градежни парцели за откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи во атарот на Негорци, со што ќе се создадат услови за формирање на Агроберза.