Општина Велес ќе продава градежно земјиште за разни намени

65

04102012174310_veles1Раководителот на Одделението за општи правни работи по овластување Елизабета Јовчевска, на денешната прес-конференција најави дека општина Велес почнува со продажба на градежно земјиште-парцели по основ на неколку намени.

Продажбата ќе се врши по пат на електронско наддавање, а заинтересираните ќе можат да се наддаваат за парцели наменети за хотелско сместување, комплекси и мотели на езеро Младост, станбени згради за домување во објектот во близина на касарната и станбени куќи во населбата Тунел.

Јовчевска појасни дека станува збор за 13 парцели од кои осум се на езерото Младост, две се во близината на касарната и три во населбата Тунел.

Почетната цена ќе биде различна во зависност од објектите планирани за градење. За хотелското сместување, комплексите и мотелите на езерото Младост е 283 денари за метар квадратен, за станбените згради за домување во близината на касарната е 1.680 денари за метар квадратен, а за станбените куќи во населбата Тунел изнесува 61 денар.

“Од денот на објавувањето, сите учесници имаат 30 дена да достават апликација за учество по што во рок од седум дена ќе почне и наддавањето”, потенцираше, Јовчевска.