Oracle отвори регионален центар во Крагуевац

80

Регионалниот центар на глобалната ИТ корпорација Oracle започна со работа во Државниот центар за податоци во Крагуевац, соопшти Министерството за информации и телекомуникации на Србија.
– Овој глобален ИТ гигант го основа својот прв регионален центар во Југоисточна Европа во Државниот центар за податоци во Крагуевац и почна да ги обезбедува своите ИТ cloud (во облак) услуги за корисниците ширум светот, се наведува во соопштението.

Потпретседателот за Cloud Technologies и регионален директор за Северна и Источна Европа во Oracle Corporation, Кенет Јохансен, изјави дека „локалните организации и јавните институции преземаат цврсти чекори за да ја воспостават Србија како земја фокусирана на иновации водени од технологијата“.

„Со отворањето на Регионалниот центар за облак на Oracle, ние им помагаме на нашите клиенти да ги искористат предностите на најдобрите технологии за облак, истовремено обезбедувајќи високи безбедносни стандарди, достапност и намалена доцнење“, рече тој.