Фото: Dimension Plus
Дизајнерската куќа Dimension Plus со седиште во Хонг Конг и Тајван им даде нова музичка функција на вкусните Oreo колачиња, пишува Inhabitat.
Креативните умови ги претворија популарните Oreo во мини грамофонски плочи што свират музика, а добрата работа е што откако ќе ја ислушате мелодијата, можете слободно да уживате во вкусот. Колачињата се спакувани во картонска кутија којашто се трансформира во мини грамофон.
Концептот и механиката на функционирање на грамофонската плоча послужија за да се гравираат колачињата на ист начин како и плочите, а за таа цел се користеа специјален ласер и техники за гравирање.
Музичкото колаче беше дел од кампања наменета за рекламирање на Oreo за којашто беа ангажирани и локални музичари кои ја преработија оригиналната тематски музика на брендот во нивен стил.