Органска фарма ја донира целата храна што ја произведува

27

farma-pixabay

Фото: Pixabay

Фарма во долината Хадсон во Њујорк целото свое производство го донира на банки за храна низ целата земја, пишува Inhabitat.

Sky High фармата има главна мисија, а тоа е безбедност на храната што ја произведува и дистрибуира. Плодовите, месото и јајцата од фармата се донираат за народни кујни или банки за храна во Њујорк или во други области каде што луѓе се соочуваат со недостиг од основни животни намирници.

Фармата се простира на површина од 40 хектари, од коишто 25 се користат за пасишта на животни, а остатокот за производство на зеленчук. Sky High веќе пет сезони произведува храна, а досега се донирани над 36.000 здрави и органски оброци.