Ori – мебел што се трансформира со пристискање на копче

54

mebel

Фото: Ori

MIT Media Lab и дизајнерот Ив Бехар осмислија флексибилен мебел со којшто малите станови ги претвораат во голем простор за живеење. Со само едно притискање на копче или гласовна команда роботскиот паметен и флексибилен мебел Ori, просторот го претвора во стан со спална, дневна и канцеларија, пишува Inhabitat.

Ori ги комбинира паметната роботика со елегантен дизајн со цел да го трансформира секој мал простор за живеење во мултифункционален дом. Компактниот модул се состои од лизгачки кревет и плакар од една страна и канцеларија и простор за забава од спротивната страна.

“Со Ori технологијата се зголемува просторот за живеење. Сепак, визијата на Ori е многу поголема и ние ќе продолжиме да истражуваме и други опции за просторни предизвици“, вели извршниот директор на Ori, Хасиер Лареа.