Oriflame отвори фабрика во Русија

267

oriflame

По завршување на инвестицијата вредна 150 милиони евра, шведската козметичка компанија Oriflame, официјално го отвори новиот производен простор во рускиот град Ногинск, пишува Yahoo news.

Овој производен капацитет содржи простор за производство и складирање на козметичките производи, како и дистрибутивен центар. Планирано е во оваа фабрика да се произведуваат шампони, дезодоранси, течни сапуни и други козметички производи.

“Отворањето на производниот погон во Ногинск е важна пресвртница за Oriflame, а рускиот пазар и понатаму ќе биде од суштинско значење за команијата. Среќни сме што оваа инвестиција ќе отвори 100-тина нови работни места во оваа област. Ние работиме напорно за да ја зголемиме ефикасноста на производството и дистрибуцијата со цел да на нашите клиенти да им понудиме иновативни и квалитетни производи по поволни цени“, изјави Магнус Брансторм, извршен директор на Oriflame.