Оригами батерија изработена од хартија и нечиста вода

33

origami baterija

Оригамите претставуваат јапонска уметност за изработка на најразлични уметнички дела од хартија, но инженер од Универзитетот Бингхемптон може со оваа техника да направи батерија, пишува Science daily.

Сеокхеун Шон Чои разви евтина батерија од хартија, којашто силата ја добива од бактерии. Доволна е само една капка течност преполна со бактерии.

“Нечистата вода содржи многу органски материјали. Било каков органски материјал може да биде извор на бактерии. Од друга страна, хартијата е евтина и биоразградлива“, вели Чои.

Многу експерти користат хартиени сензори, коишто се користат во земјите во развој. Чои размислува за самостоен систем, во којшто хартиените батерии може да создаваат доволно енергија за придвижување на биосензорите коишто се користат за тестирање на најразлични болести. За своето истражување досега добил донација од околу 300.000 долари.

Неговата батерија може да биде со големина на кутија за шкорчиња, а вкупниот трошок за производство е само пет американски центи.