Оригами ламба за игра со светлината

52

c503ef6940cf587bfbefefbe6581dcd9Folding Lamp или ламбата на виткање е дело на белгискиот дизајнер Томас Хик, а инспирација за нејзиното креирање е уметноста на виткање хартија – оригами, пишува Designrulz. Ламбата ја има во пет верзии со цел да одговори на различните стилови и ентериери.

Со неа може да ја тестирате вашата креативност, а целиот процес почнува од обичен “лист” од метал кој што се витка по означените линии на самиот дизајн, така што секој пат добивате различна ламба. Крајната форма секако зависи од вашите желби.

Ламбата на виткање ја има во четири мат нијанси црна, златна, бела, бакарна, потоа чили црвена, брилијантно црна и бисерно бела. Folding Lamp доаѓа со кабел долг два метри којшто го олеснува нејзиното поставувањето во домот, а исто така има и сензор на допир и LED сијаличка чија јачина можете да ја приспособувате според желбите.

Origami-Inspired-Folding-Lamp-By-Thomas-Hick-designrulz-4folding-lamp-by-thomas-hick-01